Вардар утре ќе ја бара шансата за прекин на лошата серија Лигата на шампионите. Гостувањето кај ППД Загреб се чини идеална прилика иако и на загребчани им се потребни двата бода за да се надеваат за пласман во осминафиналето во ЛШ
Куржниот напаѓач на македонскиот шампион Жереми Тото смета дека игра како онаа против Кил ќе донесе позитивен резултат од ова гостување.
„Сакаме да покажеме игра како онаа во Кил. Мислам дека на тој меч солидно се претставивме, иако загубавме. Фокусирани сме на ППД Загреб. Сите сме свесни за значењето на бодовите од овој натпревар“, истакна францускиот ракометар.
Вардарци имаат четири победи и само еден пораз во последните пет соочувања со „плинарите“. Тоа ги прави фаворити за бодовите на натпреварот во Загреб.