Поранешниот вардарец и човекот кој е со среќна звезда кога станува збор за шампионски титули во ЛШ истакнува дека Вардар е тежок противник.
„Ќе биде тежок натпревар, свесни дека сме во ситуација кога тие два бода значат многу за она што не очекува во наредниот период. Целта ни е да ја поминеме групата, а како што сега стојат работите, еден од нас нема да помине. Мандалиниќ ни се враќа, ќе бидеме поквалитетни и мислам дека тој е многу важен играч за нас. Тие се добар тим, играат добро, иако можеби табелата не го покажува тоа“, изјави Чупиќ, нагласувајќи дека сепак очекува позитивен резултат.
Верувам дека ќе бидеме подобри за гол-два и дека ќе ги освоиме тие два бода и ќе се искачиме за едно место на табелата“, заврши Чупиќ.