Вардар отпатува во Загреб каде во 10. коло од Лигата на шампионите на ЕХФ каде утре ќе се соочат со домаќинот ППД Загреб.
Тренерот на Загреб Ивица Обрван истакнува дека иако Вардар е тежок противник, се надева дека ќе освојат две нови поени.
„Вардар е противник кој вреди, овој натпревар ја надминува самата ЛШ, има и регионален карактер. Ќе биде интересен и многу тежок натпревар и за нас и за Вардар. Шансите ни се еднакви иако сме домаќини. Верувам во тимот и играчите. Се чувствуваме силни, полусезоната заврши имаме позитивна серија на натпревари и бодови“, изјави Обрван.
Тој додаде дека неговите играчи досега играле и тренирале без да се решат проблемите предизвикани од отсуството на некои играчи поради повреди.
„Како тренер сакам да истакнам дека се плашам од овој натпревар, но тоа го гледам како добра работа. Се среќаваат две концепции – од една страна збир на странци, а од друга страна еден хрватски концепт со еден странец. Тоа се две сосема различни концепции. Ќе се обидеме да стигнеме до победа за да испратиме вистински божиќен подарок до нашите фанови и со шест бода би дошле до шестото место во нашата група кое во моментов ни е приоритет“, додаде тренерот на ППД.