Дебитантот во Првата лига, Алкалоид, откако во последниот натпревар триумфираше против Младост Богданци, со резултат 39:19, го доби пехарот за освоеното прво место во прволигашкото друштво и после една година постоење, клубот ќе игра во македонската елита.
Шампионскиот пехар беше доделен од претседателот на ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.
Ракометарките на Алкалоид во дебитанската сезона запишаа 27 победи и само едно реми. Во поголемиот број натпревари, избраниците на Љубомир Савевски против противниците триумфираа со убедлив резултат.
АВо натпреварот против Младост, најефикасен беше репрезентативецот на Македонија, Мартин Серафимов, кој со седум постигнати погодоци стигна до бројката 144 гола. Во клубот од Богданци се истакнаа Илија Чрчев и Антонио Николоски со по четири погодоци.
Освен Алкалоид, директен пласман во Суперлигата за следната сезона обезбедија и екипите на Голден Арт, Јуниор КВ, Вардар Неготино и Куманово.