На голот на Порто, Никола Митревски уште еднаш имаше клучна улога и придонесе за триумфот на неговиот тим. Тој натпреварот го заврши со девет интервенции меѓу кои беше и одбраната во последниот напад и имаше учинок од 30 проценти одбранети удари.
Во второто полувреме Порто не ја испушти предноста, Динамо неколкупати израмни имаше напад во последната минута за нерешено но Никола Митревски не дозволи реми.
Најефикасни со по три гола во екипата на Динамо Букурешт беа Хумет, Гвардиола и Негру. Во составот на Порто најпрцизни беа Мигел Алвеш и Виктор Итураза со по пет погодоци.