Кирил Лазаров и Нант ја прекинаа позитивната серија и го загубија дербито на врвот против ПСЖ(29-30) во рамките на 14. коло од францускиот шампионат.
Тимот на Алберто Ентрериос имаше можност уште повеќе да ја намали негативата на лидерот. Но, во вториот дел ја испушти минималната предност која ја стекна по воведните триесет минути.
Се играше доста поефикасно во второто полувреме. „Светците“ од Париз имаа за нијанса подобар ритам во завршницата, кој им донесе победа со еден гол разлика. Лазаров стрелаше само двапати, а најефикасен кај домаќинот беше Ајмерик Мине со шест гола. Кај парижани се истакна Беноа Конку со седум реализации.
ПСЖ продолжи без грешка и сега има скор 13-0 и пет бода повеќе во однос на Нант, како и натпревар помалку.