Спортскиот коментатор од локална телевизија од Пирот, Србија Боривоје Петровиќ покрај тоа што ги коментира натпреварите на клубовите од овој град на југот на Србија, одлично ја пее и химната.
Преносот е од ракометен натпревар од Српската лига меѓу Пирот и Пријеполе.
Додека ракометарите на Пирот простум ја слушаа химната, коментаторот без двоумење ја запеа српската химна.
Пееше со многу емоции а потоа сето тоа го сумираше во една реченица – „Ме удри адреналин“!