Вечерва со почеток во 20:45 македонскиот првак Вардар гостува во Германија кај Кил.
Првиот натпревар се одигра на 27.10 и германците не ни дозволија ни да се понадеваме на победа и победија со 26:29.
Вечерва тимот на Веселин Вујовиќ има проблеми со играчкиот кадар и сигурно нема да може да смета на услугите на Анте Гаџа кој има стомачен вирус, недоволно залечениот Борко Ристовски, а неизвесен е и десниот бек кубанецот Моралес.
Вардар игра лошо против Кил а доказ за тоа се последните 5 меча на кои има 5 порази. Последен пат црвено црните победилe на гости против зебрите во 2018 година (28:29).
Ако нешто може да се издвои како добра вест, тоа се вчерашните резултати кои беа во прилог на Вардар. Загреб загуби на гости од Монпелје а Елверум беше поразен дома од Мешков Брест.
Така Вардар може да се надева дека во двомечот со Загреб ќе атакува на 5. позиција на табелата.