Македонскиот најдобар одбојкар Никола Ѓорѓиев оваа сезона потпиша за словенечкиот тим АЦХ Волеј од Љубљана.
Синоќа Никола имаше феноменален настап во ЦЕВ Челинџ Купот.
Во првиот меч од 1/16-финалето АХЦ одигра против екипата на Барком-Кажани од Украина, и славеа со убедливи 3:0 (25:14, 25:17, 25:13) и речиси сигурно ќе обезбедат место во осминафиналето.
Нашиот репрезентативен коректор средбата во Љубљана ја заврши со извонредни 18 поени како најдобар поентер на мечот.
Реваншот во Украина е на програмата идната среда.