Во последно време скоро секоја ноќ во НБА нов инцидент
Посебно кога на терен се Денвер Нагетс и Никола Јокиќ. Тимот од Колорадо овојпат доживеа шокантен пораз на гостувањето кај Орландо (108:103).
Јокиќ беше на вообичаеното ниво, постигнувајќи 18 поени со 15 скока и седум асистенции.
Додека „кршеше натпреварот“, судиите досудија еден непостоечкиот фаул во нападот за Јокиќ.
Јокиќ многу го изнервира тоа, па со многу висок тон тргна по судијата барајќи објаснување за одлуката. Судијата, веројатно свесен што направил, само побегна од Јокиќ и се правеше дека ништо не се случува.