Екипата на Денвер дојдоа до втора победа по ред и тоа на домашен терен против Оклахома сити тандерс (99-95), што беше своевидна одмазда за поразот во претходната меѓусебна пресметка во декември.

Најзаслужен за тоа беше српскиот интернационалец Никола Јокиќ, кој средбата ја заврши со 22 поени и 18 скока, а имаше огромна помош од Остин Риверс со 22 поени и Џеф Грин со 16 поени.