Екипата на Голден Стејт Вориорс славеше победа над Кливленд со 96:82, а мечот го одбележа враќањето на Клеј Томсон кој отсуствуваше од терените две и пол години поради повреди. Тој постигна 17 поени во триумфот на неговиот тим.

Кошаркарите на Портланд Трејл Блејзерс го победија Сакраменто Кингс со 103:88 и со тоа стигнаа до 15. победа сезонава. Домашните водеа од стартот на натпреварот и во ниту еден момент не ја испуштија предноста. Кај Портланд најефикасен беше Симонс со 31 поен.

Добра партија одигра и Лука Дончиќ во победата на Далас против Чикаго 113:99. Словенецот беше најефикасен на мечот со 22 поени, притоа имаше 14 асистенции и 14 скокови.

Денвер Нагетс во гости го совладаа Оклахома Сити Тандер со 99:95, а на мечот најдобар беше Никола Јокиќ со 22 поени.