Еден од најдобрите српски кошаркари во моментов, Милош Теодосиќ, не е потешко повреден по вчерашниот инцидент на мечот на Виртус против Реџо Емилија, кога се лизна на една од рекламните налепници на паркетот, по што мораше да биде изнесен на рацете на соиграчите.

Тоа се случи во последната минута од средбата, кога му лизна левата нога по што остана да лежи со болна гримаса држејќи се за коленото. Денешните детални прегледи покажале дека нема кинење на предните лигаменти, од што сите се плашеа, туку само посериозно истегнување, кое носи пауза од дваесетина дена.