Јута Џез одигра одлична партија против Голден Стејт Вориорс и забележа многу висока победа 111:85, а прв стрелец на натпреварот беше Бојан Богдановиќ .
Индиспонираните Голден Стејт Вориорс беа високо поразени на гостувањето кај Јута Џез кои одиграа многу добар натпревар и на крајот славеа убедливо.Јута Џез на тој начин стигна до четвртата последователна победа.
Богдановиќ и покрај проблемите со прстот беше прв стрелец на мечот, на паркетот мина 31 минута и за тоа време постигна 23 поени (4/9 за два, 3/7 за три, 6/6 слободни) со шест скока.
Вориорс добро започнаа, постигнувајќи 31 поен во првата четвртина, но потоа паднаа напаѓачки и постигнаа вкупно 54 поени во следните три четвртини, со просек од само 18 по четвртина.
Од друга страна, Џез си ја заврши работата, ја зголемуваше разликата и со особено добра игра во вториот дел го реши мечот и дојде до победа.
Покрај Богдановиќ се истакнаа и Донован Мичел со 14 поени, десет скока и осум асистенции и Мајк Конли и Џордан Кларксон со по 13 поени.
Кај Вориорс Џордан Пул постигна 18 поени, а Стивен Кари 16 со седум скока.