Зголемување минатата сезона за повеќе од 100.000.000 евра
Пари Сен Жермен издвојува 629.000.000 годишно на платите на играчите, што е бројка што е намалена за 136.000.000 евра даноци, откри L’Equipe. Угледниот француски весник пресметал дека сите клубови во Лига 1 даваат вкупно 1.730.000.000 евра годишно, од кои само платите во ПСЖ се 37 отсто од уделот во комплетното натпреварување.
Од друга страна, парижаните велат дека вкупниот фонд за платите на играчите е 585.000.000 евра, додека 127.000.000 одат за социјалните надоместоци. ПСЖ важи за апсолутен рекордер во европскиот и светскиот фудбал во тој поглед.
Трошоците за платите на играчите во клубот од Паркот на принцот драстично се зголемени во последните години. Во сезоната 2018/2019. платите на играчите во овој клуб беа вкупно 370.000.000 евра во сезоната 2019/2020. скокнаа на 414.000.000 евра, додека минатата сезона бројката достигна 503.000.000. Најголемиот скок дојде оваа сезона, што се очекуваше по доаѓањето на ѕвезди како Џорџино Вајналдум, Лионел Меси, Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума.