Најлошото се случи, по прегледот денеска во болницата на Јувентус на стадионот, Федерико Киеза ја дозна неговата судбина.
Одличниот напаѓач ги скина лигаментите на коленото и следува операција. Дијагнозата е јасна, не остава дилема, во следните денови ќе биде под нож, а може да се каже дека сезоната за него е завршена. Закрепнувањето трае од четири до шест месеци, а тој сигурно нема да ризикува, па Јувентус остана без еден од најдобрите играчи.
Италијанецот многу ќе недостига во нападот каде Алегри нема многу опции и се обидува да најде решение, можеби во преодниот рок каде се споменува доаѓањето на Икарди и заминувањето на Мората во Барселона. Сега е јасно дека по повредата на Киеза, Кулушевски нема да биде продаден, ниту да биде трампан, а уште поголема улога ќе има Федерико Бернадески, кому договорот му истекува на лето.
Федерико Киеза ќе го пропушти и бараж натпреварот за пласман на СП во Катар против Македонија .