Реал Мадрид успеа да стигне до четвртата победа во досегашниот тек на првенството, во исто толку натпревари.

Реал го совлада тимот кој исто така ги имаше сите три победи досега, тимот на Бетис со 2:1 (1:1).

Актуелните европски прваци успеаја да го наметнат својот ритам во првото полувреме, беа нешто поопасни од гостите, а веќе во 9. минута од натпреварот домашните поведоа. Алаба испрати употреблива топка до Винисиус Жуниор, кој со својата брзина успеа да го прегази ривалот и да го лобува противничкиот голман за 1:0.

Само 8 минути им беа потребни на гостите да израмнат.

Одлична акција по аутот, Иглесиас упати повратна топка до Каналес, кој погоди за 1:1.

Во продолжение Реал ја имаше иницијативата, за на крајот да дојде до заслужена победа во 65. минута од играта.

Одлична акцијата на Реал која најмногу се одвиваше на десната страна каде што беше Валверде,кој на крајот одлично го проигра Родриго за конечни 2:1.

https://www.youtube.com/watch?v=D-GHIbTJFkI

Standings provided by SofaScore LiveScore