Брентфорд игра ултра напаѓачки фудбал под водство на менаџерот Франк, па откако постигна четири гола во мрежата на Јунајтед, денеска постигна пет против Лидс Јунајтед.
Домашниот тим славеше со убедливи 5:2 во меч во кој вистински херој беше Иван Тони, кој постигна хет-трик и ги постигна првите три гола за својот Брентфорд.
Александар Митровиќ е сензација на почетокот на Премиер лигата со шест гола, а само еден помалку има Тони кој денеска постигна и погодок кој ќе биде кандидат за најубав во сезоната.
Дури 11 играчи беа поставени во два „живи-ѕида“ пред слободниот удар кој требаше да го изведе Тони, па иако сите фудбалери беа наредени во линија, напаѓачот на Брентфорд изведе перфектно ремек-дело.
Тони го погоди самиот агол од голот на Лидс и не му даде никаква шанса на Мелие, кој едноставно само виде како топката заврши зад неговиот грб.