Екипата на Баер Леверкузен со 2-1 го победи Аугсбург во последното коло од Бундеслигата и ја комплетира сезоната без пораз.
Сезона за паметење на Баер Леверкузен, шампиони на Германија без загубен меч. 28 победи и шест нерешени натпревари.Пред фудбалерите на Чаби Алонсо има уште два натпревари и ако не ги загубат ќе освојат тројна круна без пораз.
Баер Леверкузен на најдобар можен начин ја прослави шампионската титула пред своите гледачи. Тимот на Чаби Алонсо го победи Аугрбург со 2-1 и без ниеден пораз во текот на целата сезона стигна до историскиот шампионски пехар. Дополнително, Баер Леверкузен ќе игра во финалето на Лига Европа и во финалето на Купот на Германија.
Бонифејс во 12.минута го отвори резултатот, а Андрих во 27.минута зголеми на 2-0. Мерт Комур во вториот дел го постигна голот за Аугсбург.
Марко Ројс го одигра последниот меч за Борусија Дортмунд и се збогува со гол од„жолтиот ѕид“, а „милионерите“ славеа со 4-0 против Дармштат. Стрелци беа и Матсен, Брант и Мален.
Второто место во Германија го освои Штутгарт кој со 4-0 славеше над Борусија Менхенгладбах, а Баерн Минхен со 4-2 загуби од Хофанхајм и падна на третата позиција.
Четврти е Лајпциг кој одигра 2-2 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт. Елиф Елмас беше стартер на мечот и на теренот остана до 74. минута.
Унион Берлин со гол во судиското продолжение го победи Фрајбург со 2-1 и остана во Бундеслигата.
Бохум преку баражот ќе се обиде да го направи тоа откако денеска загуби од Вердер со 4-1.
Од Бундеслигата директно испаѓаат Келн и Дармштад.