Екипата на Челзи го совлада Брајтон со 4-2, а сите голови за лондонскиот гигант беа дело на англискиот репрезентативец Кол Палмер.
Палмер блескаше со четири голови и стана првиот фудбалер во Премиерлигата кој постигнал толку голови во прво полувреме.
Тренерот на „сините“, Енцо Мареска е воодушевен од неговата најголема ѕвезда и имаше само пофални зборови по победата против Брајтон.
„Палмер постигна четири, но можеше да даде уште два-три гола. Важно е да остане гладен за голови и амбициозен. Тој е најдобар фудбалер во Премиерлигата во моментов“, кажа Мареска.