Кошаркарите на Порторико го комплетираа кошаркарскиот турнир на претстојните Олимписки игри во Париз, со победата над Литванија со 79-68 во финалето на квалификацискиот турнир во Сан Хуан.

Порторико на ОИ ќе учествува по седумнаесетти пат, а прв од 2004 година. Порторико веќе доби место во групата Ц и ќе ги одмери силите со селекциите на Соединетите Американски Држави, Србија и Јужен Судан, против која и ќе го отворат турнирот во Париз.

Големата победа во финалето на квалификацискиот турнир пред домашната публика беше остварен благодарение на исклучителната тимска одбрана и офанзивната тројка асови – Хозе Алварадо, Тремонт Вотерс и Џордан Хауард.

 

„Гранд Тефт“ Алварадо го заврши натпреварот со 23 поени, 6 скока, 2 украдени топки и асистенција, а благодарение на неговите одлични игри беше прогласен за најкорисен играч на турнирот. Вотерс натпреварот го заврши со 18 поени, а Хауард имаше 12. Кај Литванија се истакна Јокубаитис со 16 поени.