Веслачите на ВК Црн Дрим од Струга во деновите 06 и 07.07.2024 год. учествуваа на силната меѓународна регата ,,Војводина Опен” на Паличко езеро , Р.Србија .
На оваа регата покрај македонскиот претставник , настапија и најдобрите клубови од Србија , Унгарија , Бугарија и Чешка .
Веслачите на ВК Црн Дрим достојно ја претставија нашата земја при што обезбедија пласман во две финални трки.
Во дисциплината дубл кадети Леон Шутиноски/Александар Хиохи беа први во квалификационата група , а во финалната трка беа на дофат на медал и завршија на одличното 4 место .
Леон Шутиноски во дисциплината скиф пионери го освои 6 место во финалната трка , откако победи во својата квалификациона трка .
Останатите членови на клубот кои достојно ја претставија Македонија беа: Ана Прентоска , Климентина Стојмиловска , Кристијан Китаноски , Цвете Димоски , Вања Кукунеш предводени од тренерите Владимир Голабоски и Никола Мариноски и претседателот на клубот , Здравко Голабоски .