Напоредно со возбудувањата на најважниот тениски грен слем во годината, на АТП турот се играат уште неколку челинџер турнири, а еден е во Салцбург, Австрија.
Елијас Имер од Шведска вчера загуби со 6:4 и 6:3 од францускиот тенисер, на начинот на кој го загубил првиот донел голема нервоза и бизарна ситуација на теренот.
Имер збеснал откако му подарил две брејк топки на противникот во најлош момент, па со топчето успеал да ја погоди телевизиската камера и да го скрши стаклото.
Распарченото стакло се нашло на теренот, па судијата морал да го прекине мечот во Салцбург за да се исчисти делот зад основата линија.
Инаку, Имер беше дел од првото коло на Вимблдон, но во воведната рунда беше поразен од четвртфиналистот, Кристијан Гарин.
https://twitter.com/sPETEcore/status/1544309185021616129?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1544309185021616129%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fimer-zbesna-na-terenot-i-so-teniska-bomba-ja-iskrshi-televiziskata-kamera-video%2F