Педри поради незгодна повреда на мускулот мораше прерано да стави крај на минатата сезона и со тоа згаснаа шампионските амбиции на Барселона, кои и онака беа математички минимални поради доминацијата на Реал Мадрид во шпанското првенство.
Младиот офанзивен играч за врска на доста неповолен начин ја заврши разочарувачката сезона исполнета со повреди, но сега се појави на стартот на пресезонските подготовики со насмевка на лицето и една промена која ја забележаа сите шпански новинари.
По одморот и комплетираната рехабилитација, Педри се очекува да биде клучна фигура во системот на Чави во новата сезона, но од корист може да му биде и големата трансформација.
Очигледно е дека Педри минал доста време во теретана во последните два месеци и добил мускулна маса, па споредбите со тоа како изгледал пред една или две години станаа посебно вирални во шпанската јавност.