Жителите на Мелбурн излегоа на улиците огорчени од скандалозните одлуки на Владата на Австралија и државата Викторија, поврзани со Ковид. Десетици илјади луѓе отворено протестираа и скандираа “Новак Ѓоковиќ”, кој беше прогласен за глас на разумот и човекот кој им ги отвори очите за да сфатат дека политичарите со години ги држат во кафез.
Револтирани луѓе од сите возрасти шетаа по улиците на Мелбурн, а собирот заврши пред зградата на владата на државата Викторија. Настанот не беше проследен од големите ТВ станици, туку најмногу од медиумите кои можат да се следат на социјалните мрежи. Секако, едно од прашањата за сите демонстранти беше Новак Ѓоковиќ и неговата депортација.