Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Париз откако во три сета го совлада бранителот на титулата Холгер Руне.
Српскиот тенисер по голема борба во три сета беше подобар со 7-5, 6-7, 6-4 за пласман меѓу четворица најдобри на овој турнир и покрај тоа што го мачеше со стомачен вирус последните три дена. Воедно, тој му се реваншира на Руне за поразот во ланското финале во кое загуби во три сета.
Ѓоковиќ беше многу посигурен на свој сервис и дозволи само еден брејк и тоа во вториот сет, но веднаш го врати. Во првиот сет се играше израмнето до 5-5 за потоа најдобриот светски тенисер да освои два гема по ред и да поведе со 1-0. Во вториот сет двајцата тенисери направија по еден брејк, но победникот се решаваше во тај брејк каде, на општо изненадување, данскиот ас Руне беше многу подобар и славеше со 7-3.
Во вториот сет при 5-4 за Ѓоковиќ и 30-15, следуваше голем кикс на делителот на правдата.
По еден удар во аут, Руне побара челинџ. Судијата тоа го дозволи, а потоа Новак се налути и ги загуби нервите. Веднаш влезе во конфликт со судијата, затоа што противникот побара челинџ кога топката му беше во аут. Ако судијата не дозволеше челинџ, Ѓоковиќ ќе имаше две меч-топки. Вака, Руне се врати, го зеде сетот и израмни на 1-1. По овој момент, публиката го исвирка најдобриот светски тенисер, а Новак тоа го проследи со насмевка.
Клучен беше третиот гем од последниот сет кој Ѓоковиќ го доби на сервис на Руне, а потоа не му даде ни шанса на својот ривал. Во полуфиналето, Новак ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Де Минаур и Рубљов.