Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласира во второто коло на Ју-Ес Опен. Тој во Њујорк го победи Молдавецот, Раду Албот со 3-0 во сетови (6-2, 6-2, 6-4).
Ѓоковиќ без многу проблеми успешно ја мина првата пречка и ја започна одбраната на титулата на овој турнир кој го дочека од втората позиција на АТП листата.
Сопственикот на 24. Грен слем титули не блескаше на тенискиот терен, но едно солидно издание беше доволно за без многу проблеми да ја мине првата пречка во Њујорк, каде го брани трофејот освоен минатата година.
Во второто коло противник на Новак ќе биде српски тенисер Ласло Ѓере кој во дуел со пет сета го совлада Јан Ленард Штруф.