Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога на стартот на турнирот во Рим и со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2 го декласираше Русинот Аслан Карацев.
Русинот го загуби првиот гем на свој сервис, но набрзо го врати брејкот и израмни на 2-2, по што даваше отпор и не му дозволи на Србинот лесно да ги освои следните неколку гема, но сепак Ѓоковиќ во осмиот гем успеа да ја искористи втората брејк топка и да стигне до 5-3, а потоа да сервира успешно за 6-3.
Ѓоковиќ беше уште подобар во вториот сет, каде што направи два брејка на стартот (3-0), по што без многу мака сервираше и стигна до убедливи 6-2.