Данил Медведев го заврши својот настап на мастерсот во Париз во 2.коло. Тој доживеа пораз од Австралиецот Алекс де Минор со 1:2 по речиси три часа борба. По сетови беше 6:4, 2:6 и 7:5.
На Медведев, кој е трет тенисер во светот, ова му е прв пораз по пет едноподруго победи и освојувањето на АТП турнирот во Виена. Него го чека пад на АТП листата идниот понеделник бидејќи во Париз бранеше финале и 600 бодови.
Де Минор во осминафинале ќе игра со Американецот Френсис Тијафо кој беше подобар од Британецот Џек Дрејпер со 2:0 по сетови.
Понатаму оди и Циципас кој го совлада Еванс со 2:0 по сетови како и Ожие-Алиасиме кој беше подобар од Имер со 2:1 потоа Карлос Алкараз кој со 2:0 го победи Нишиока и Мусети кој го победи Басилашвили со 2:0.