Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално ќе може да влезе на територијата на САД, забраната за престој на невакцинирани странски државјани е укината порано од планираното.
Американскиот сенат гласаше за поништување на одлуката за вонредна состојба во САД поради пандемијата на коронавирус, тоа значи дека Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе може да настапи на УС Опен.
За одлуката 68 гласаа за, 23 беа против. Таа многу брзо треба да стапи на сила и да почне да се применува.
Претходните најави беа дека вонредната состојба ќе биде укината во мај, но се случи еден месец порано. Сепак не доволно брзо за Новак да учествува на турнирите во Индијан Велс и Мајами.
УС Опен оваа година ќе се игра од 28. август до 10. септември.