Францускиот весник „Л’Екип“ ги објави месечните бруто плати на фудбалерите во Лига 1, а таму апсолутно доминираат играчите на ПСЖ.

Топ 10 листата на најплатени фудбалери во Лига 1 е резервирана само за играчи на шампионот ПСЖ. Број еден е Килијан Мбапе со месечна бруто плата од 6 милиони евра, следува Нејмар со 3,675 милиони, а трет е Меси со 3,375 милиони. Потоа следуваат Маркињос, Верати, Хакими, Донарума, Рамос, Бернат и Мукиеле.

Првиот од другите клубови е на 11. место, тоа е Бен Једер од Монако кој има месечна плата од 650.000 евра.