Екипите на Бетис и Мајорка одиграа интересен натпревар од шестото коло на шпанската Примера, а победата ја однесоа гостите од Балеарските острови. Мајорка успеа да се избори за триумф во последните секунди од натпреварот 1-2 (1-1).
Домашната екипа Бетис, имаше повеќе од играта и беше близу до освојување на целиот плен, но и Мајорка на моменти делуваше како повеќе од рамноправен противник. Првите два гола се постигнати во раната фаза на дуелот, поточно во период од само шеесетина секунди.
Најпрво домаќините поведоа со голот на Џовани Ло Селсо во седмата минута, но Мајорка успеа да израмни веќе во следната акција преку Даниел Родригез. Мечот изобилуваше со цврсти дуели и многу прекршоци, а особено агресивна игра прикажуваа домашните фудбалери.
Во второто полувреме имаше по две шанси на двете страни, но среќата беше повеќе на страната на гостинските фудбалери. Се играше 93. минута, кога Валери Фернандез налета на една одбиена топка од корнер и со силен удар ја смести во мрежата. Разочарувањето кај домашните навивачи беше огромно, а Мајорка успеа да извојува важна победа враќајќи се дома со три големи бода.
Бетис останува на осум бода и во следното коло ќе гостува кај Лас Палмас, додека Мајорка сега се искачува на петтата позиција, со вкупно единаесет бодови на табелата.