Лондонски Челзи не крие дека е заинтересиран за купување на играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, па во медиумите веќе излезе информација дека „сините“ понудиле 40 милиони евра за трансферот на 24-годишниот холандски фудбалер. Сепак, според последните информации од Шпанија, Барселона ќе ја одбие оваа понуда, затоа што не сака да го продаде својот млад талент.

Сепак, поради финансиската состојба во која се наоѓаат каталонците, доколку Челзи ја зголеми понудата на 60 милиони евра, Барселона сериозно ќе седне да ја разгледа таквата понуда, тврди весникот „Ел Национал“.

Според изворот, претенденти за Де Јонг се и Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, а ситуацијата со Де Јонг ја следи и Манчестер Сити.