Сeржињо Дест(21) отпадна од првиот тим на Барселона под водство на новиот тренер Чави. Спорт пишува дека Американецот ја загубил волјата за тренирање и дека неговата самодоверба е сериозно нарушена поради поранешниот тренер Роналд Куман.
Каталонскиот весник смета дека Дест има многу проблеми со самодовербата, која е нарушена во времето на Куман во клубот. Имено, Куман често жестоко го критикуваше Дест пред сите соиграчи на тренинг. Дест е силно погоден од ова, а сега не може да ја достигне формата што ја бара Чави.
Десниот бек пристигна во Барселона од Ајакс во октомври минатата година за 21 милион евра. Според Transfermarkt, моментално вреди 30 милиони евра. Оваа сезона одигра 16 натпревари за Барселона и собра 1201 минута со три асистенции.
Но Дест не е единствениот кој имал проблеми со Куман. За тоа зборуваше поранешниот играч на Барселона, Жуниор Фирпо, дефанзивец кој беше во Барселона од 2019 година до ова лето. Фудбалерот на Лидс тврди дека Куман ги лажел и ги понижувал своите соиграчи и него.
“Се случи да ја изгубам желбата за фудбал. Имаше работи кои Куман не ги разбираше и често ги понижуваше соиграчите и мене. Една од работите е што доколку резервите тренираат ден по натпреварот, тој немаше ни да дојде на тренингот. Да се докажам на човек кој не сака да го следи тренингот?“ рече Фирпо, па се присети на еден разговор со Куман.
“Го прашав за мојот статус во тимот, а тој почна да ме лаже. Кажа некои работи кои немаат смисла – дека тренирам лошо, дека влијаам негативно на соиграчите. Прашајте ги другите играчи дали е тоа вистина.” – дополни Фирпо.
Куман беше отпуштен во Барселона на 28 октомври.