Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Седум златни топки и десетици други тимски и индивидуални награди и рекорди се само дел од неговото фудбалско наследство. Таа сега е еден рекорд помала.

Одличниот играч за врса и капитен на Ајакс, Душан Тадиќ оваа сезона забележа 12 асистенции. Со тоа тој ја продолжи неверојатната серија во 2021 година.

Имено, српскиот репрезентативец сега има дури 37 асистенции во една календарска година. Со тоа го собори рекордот на Меси од 2011 година. Во претходниот шампионат имаше 15 асистенции и беше најдобар во лигата, а во Лигата на шампионите годинава имаше една асистенција во групната фаза. Тој минатата сезона имаше шест асистенции во дресот на Србија и три во Лигата на Европа, вкупно 37 годинава.