Дембеле има договор до крајот на сезоната, а каталонскиот гигант му даде рок од 48 часа да одговори на нивната понуда за продолжување на соработката.
Каталонците му понудиле договор со плата од 20 милиони евра на Дембеле, но неговиот агент бара 20 милиони евра само за провизии за потпис на соработка, плус 20 милиони евра за него и петгодишен договор со плата од 40 милиони евра.
Барселона во моментов нема ниту услови, ниту желба да му понуди такво нешто на Дембеле, па тие остануваат на нивниот став и плата од 20 милиони евра.
Ако Французинот одбие да потпише договор, тогаш Барселона ќе му понуди раскин на договорот или ќе се обиде да го продаде до крајот на јануари за да заштеди на неговата плата која е премногу висока.