Ериксен беше дел од Одензе до 2008 година пред да се пресели во Ајакс.
Данската ѕвезда доживеа срцев удар на натпреварот Данска: Финска на последното Европско Првенство и ова е одлична вест.
И додека Ериксен достигне некое завидно ниво на форма и физичка подготвеност, Одензе му излезе во пресрет и му го стави целиот свој комплекс на располагање, а за почеток данската ѕвезда ќе работи само индивидуални тренинзи.
„Ериксен ни се обрати и сега тренира самостојно. Природно е од него, бидејќи порасна во овој клуб и живее во близина да побара вакво нешто, а нашиот клуб е среќен што ќе му го стави целиот комплекс на располагање“, објавија од Одензе.