Многумина не беа задоволни од изборот Меси да биде добитник на Златната Топка, бидејќи сметаа дека Роберт Левандовски го заслужил ова ласкаво признание.
Меѓу нив беше и поранешниот капитен и голман на Реал Мадрид, легендарниот Икер Каслијас.
– Се потешко ми е да верувам во фудбалски награди. Меси за мене е еден од петте најдобри фудбалери во историјата, но мора да знаеш како да го рангираш најдобрите во една сезона. Не е толку тешко, по ѓаволите – напиша Касилјас.
Навивачите веднаш го потсетија шпанскиот голман колку “праведно” гласаше тој во изборот за„Златна топка“ во 2011 година.
Имено, Касиљас како капитен на Шпанија тогаш имаше право на глас на изборот и наместо да ги поддржи најдобрите ги поддржа играчите на Реал Мадрид.
Таа година Меси ја освои Лигата на шампионите со Барселона во 2011 година, но славниот голман гласаше за Роналдо, па за Озил.
Исто така, кога е во прашање изборот на најдобар тренер, Касиљас на прво место го стави Мурињо, а потоа Висенте дел Боске и Андреа Виљас Боаш за целосно да го изостави Гвардиола.