Рома синоќа беше поразена во Болоња со 1-0 во 15. коло од Серија А, а по натпреварот, но и за време на истиот, тренерот на Рим, Жозе Мурињо беше бесен поради судењето на Лука Пајрет.
Дури пет играчи на Рома добија жолти картони, меѓу кои и Тами Абрахам, која поради тоа нема да биде дел од дербито против Интер следниот викенд.
– Ќе бидам краток дека треба сите што поскоро си одиме дома, бидејќи ни останува малку време до натпреварот со Интер, за кој буквално треба да смислувам нова формација. Среќа што го извадив од игра Манчини затоа што веројатно и тој ќе добиеше и жолт картон. Честитки за Болоња, но им честитам и на моите играчи бидејќи се бореа до крај и покрај повредите, заморот и некои чудни работи. Им честитам, не сум лут иако загубивме, изјави Мурињо кој и самиот пожолте.
Најдобриот играч на Рома, Николо Заниоло заработи жолт картон поради симулирање, а Мурињо посебно го изнервира тоа што претрпе многу прекршоци на натпреварот.
– Да сум на местото на Заниоло, би размислувал да ја напуштам Италија. Ова го велам спротивно на моите интереси, но многу е тешко да постои играч како него во оваа лига. Жал ми е за се што поминува на теренот, а што се однесува до судијата, разговаравме по натпреварот и не би го коментирал, изјави Португалецот.