Фудбалерите на Нигерија се пласираа во финалето на Африканскиот Куп на нации откако по 120 минути игра и на пенали ја елиминираа селекцијата на Јужна Африка. Во регуларниот тек дуелот заврши нерешено 1-1, а многу интересна ситуација се случи во 85. минута.
По еден контра напад Нигеријците дадоа гол преку Виктор Осимен кој веројатно ќе беше победоносен, меѓутоа тогаш се „јавија“ од ВАР собата. На почетокот на акцијата имало прекршок во казнениот простор врз Алхасана Јусуф поради кој Јужна Африка доби пенал а Мокоена го претвори во гол за 1-1 и продолженија.
Нигеријците на крајот беа подобри изведувачи на ударите од 11 метри, и се пласираа во финалето на АКН па овој момент можат да го заборават.