Баерн Минхен и Тотенхем се многу заинтересирани за десниот бек на Интер, холанѓанецот Дензел Дамфрис, а Интер за негова продажба бара трипати повеќе од тоа што го вложи минатото лето.

Дамфрис минатата година пристигна на „Џузепе Меаца“ како замена за Ашраф Хакими во трансфер вреден 13,5 милиони евра.

По 40 натпревари зачинети со пет гола и седум асистенции, Интер е подготвен да го продаде за сума од 40 милиони евра.

Дамфрис има и 32 настапи за холандската репрезентација на кои постигна и три гола.