Маурицио Покетино може да стане минато, бидејќи ПСЖ размислува да го отпушти и сака да го ангажира Зинедин Зидан, пренесуваат француските медиуми.
Очекувањата на „Паркот на Принцовите“ се многу големи откако ова лето пристигна Лионел Меси. ПСЖ има голема предност во француското првенство, но резултатите во ЛШ не се убедливи.
Поради тоа „светците“ размислуваат за тренерска смена и сакаат да ја искористат ситуацијата кога Зинедин Зидан е слободен.
Самиот Зидан преферира да седне на клупата на ПСЖ, па се очекува двете страни наскоро да започнат интензивни преговори.