Два дена пред Божиќ 2017 година беше потврдена веста дека фудбалерот на Челзи и бразилската репрезентација Оскар ќе го напушти лондонскиот клуб и кариерата ќе ја продолжи во Кина. Оваа вест ги шокираше љубителите на фудбалот кои му замеруваа на тогаш големиот 26-годишен играч што се откажа од сериозниот фудбал во замена за милионите кои Кина тогаш им ги нудеше на фудбалските ѕвезди и познати личности.
Оскар долго време не се двоумеше околу таа одлука, а никогаш не ја криеше причината поради која кариерата ја замени со пари. Во својата трофејна ризница, тој веќе имаше две титули во Премиер лигата со Челзи, ја освои Лигата на Европа и ЕФЛ Купот, забележа 48 настапи за Бразил и замина во Шангајското пристаниште.
Трансферот тогаш изнесуваше 60 милиони евра, а Оскар добиваше околу 20 милиони евра годишна плата.
„Кина има неверојатна финансиска моќ и невозможно е некои играчи да одбијат понуда“, веднаш призна Оскар, кој повеќе се грижеше за своето семејство отколку за сопствената кариера. Тоа го потврди неколку пати.
„Потекнувам од сиромашно семејство, тоа се плодовите на мојот труд и поради ваков договор се чувствувам како победник. Не сакам да бидам сиромашен во старост и да живеам од памет“, рече тој.
Оскар и денес е во Шангајското пристаниште и е договорно врзан за него на уште три години. Во 161 настап за тој кинески тим, со кој една година подоцна беше шампион и куп-победник во 2018 година, постигна 48 гола и 90 асистенции.