Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг неколку пати го одби Манчестер јунајтед и реши да остане во Барселона иако клубот беше расположен да го продаде. Сега премиерлигашот се врти кон ангажман на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Србинот речиси секое лето се поврзува со трансфер во некој од европските гиганти, но шпекулациите никогаш не се реализираа. Сега Јунајтед подготвува конкретна понуда од 60 милиони евра обештетување за Лацио да го ослободи фудбалерот од средниот ред.
Милинковиќ-Савиќ игра за Лацио уште од 2015 година, кога дојде од редовите на Генк. Во изминатите седум сезони одигра 294 натпревари и постигна 58 голови.