Дани Алвеш минатиот месец се врати во Барселона и се согласи да игра за минимална плата.
Легендарниот Бразилец ќе заработува околу 150 илјади евра по сезона во Барселона, која е во голема финансиска криза. Некогаш заработуваше милиони во истиот клуб, а сега објасни зошто се согласил да игра на минимум.
„Целиот фудбалски свет е фокусиран на парите. Јас не сум. И не сум затоа што знам како е да се биде без пари. Уште милион, два или три нема да променат ништо во мојот живот“, изјави 38-годишниот Бразилец, кој ќе добие право во јануари.
„На крајот, што ќе однесеме во гроб со нас? Не сакаме јахти, приватни авиони и скапи автомобили. Само спомени и успеси. Кога ќе умрам, би сакал луѓето да кажат: Тој беше фудбалер кој размислувал поинаку од другите“.
Алвеш, најтрофејниот фудбалер на светот, играше во Барселона од 2008 до 2016 година и освои се што може да се освои со каталонскиот клуб. Потоа играше за Јувентус, ПСЖ и Сао Паоло.