Раководството на Борусија Дортмунд потврди дека за Ерлинг Халанд во втор ред стојат голем број на заинтересирани клубови, нив ги има 25, а извришниот директор Ханс-Јоаким Ватцке откри кој тим е најблизу.

Во овој момент е невозможно да се задржи норвешкиот напаѓач, кој има 76 гола во 75 настапи за овој клуб. Борусија прави се за да Халанд остане и следното лето, се споменува дека има понуда за нов договор според кој би заработувал 18 милиони евра годишна, плата со која би влегол во историјата на клубот.

Германски Спорт1 открива дека неодамна Халанд и Борусија направиле усмен договор, според кој доколку дојде понуда од 100 милиони евра, а клубот е според вкусот на фудбалерот, ќе може да си замине. Таков тим засега е Реал Мадрид, ова него крие ниту Ватцке.

„Би можел да набројам 25 клубови кои покажуваат интерес за него, но најголем доаѓа од Реал Мадрид“.

Халанд со Дортмунд има договор до 2024 година.