Искусниот стопер (35) минатото лето пристигна на Паркот на Принцовите и потпиша двегодишна соработка, но таа ќе биде завршена порано.
Причината е јасна – на Рамос не му оди во Париз, за што најдобро говори фактот што досега одигра вкупно пет натпревари, а само два од почеток до крај.
Поранешниот капитен на Реал се соочуваше со чести повреди. Последен пат беше на теренот на 23 јануари. Неговата кариера во главниот град на Франција од почетокот оди во спротивна насока, па не треба да чуди што следува разделба.
Рамос порасна во Севиља, а потоа помина 16 години во Реал Мадрид, каде што се здоби со статус на легенда.