Фудбалерите на Болтон вчера на домашен терен го победија Флитвуд со 4-2 во натпреварот од 46. коло од третото ниво на англискиот фудбал, англиската лига 1. Снимката од вториот гол на натпреварот го обиколи светот, а тоа е најсреќниот гол постигнат сезонава.
Фудбалерот на Болтон, Дион Чарл постигна гол за 1:1 во 37. минута од натпреварот од центарот, на начин на кој головите ретко паѓаат. 26-годишниот напаѓач проклизна за да му ја одземе топката на противничкиот играч, но силата на неговиот старт беше толку голема што топката заврши во мрежата на Флитвуд.
https://twitter.com/bwfcbwfc/status/1520391688564482053?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1520391688564482053%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fpogledajte-najsretniji-gol-sezone-uklizao-je-na-centru-i-neocekivano-se-proslavio%2F2360628.aspx