Трабзонспор синоќа стана нов турски шампион. Тој го постигна ова достигнување на четири кола пред крајот на првенството со ремито 2:2 против Анталијаспор. Второпласираниот Фенербахче сега е на неповратни девет бода и во најдобар случај може да се израмни со Трабзонспор во бодови, но тоа не би му било доволно поради полошиот меѓусебен дуел.
За клубот од Трабзон ова е седма титула во историјата. Тој ги освои сите други титули во текот на 1970-тите и 1980-тите години, а последната пред 38 години. Колку им значи таа титула на неговите фанови најдобро можеше да се види од тоа како тие ја прославија. Тие истрчаа на теренот уште пред официјално да заврши натпреварот.