Дармштад се бори за влез во германската Бундеслига, па против Ауе мораше да победи и успеа на убедлив начин со 6-0. Ништо тука не е спорно, освен начинот како победата за три минути со три гола веќе ја обезбедија, а мечот не дојде ни до половина од првиот дел.
Дали е местенка или не, тоа е прашање, ама наликува како меч од „балканската кујна“. Гостинските дефанзивци правеа циркусни киксови и како паднати од Марс во три акции на домаќините им овозможија три гола. Сѐ потоа беше само рутина.
Дармштад со победата дојде до 57 бода колку и Вердер, два помалку од лидерот Шалке, чиј член е Дарко Чурлинов.